• понеделник, 23 декември 2024

Новиот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења, на својата инаугурација ги потврди блиските врски со Тајван

Новиот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења, на својата инаугурација ги потврди блиските врски со Тајван

Асунсион, 16 август 2023 (МИА) – Новиот парагвајски претседател, Сантијаго Пења, за време на вчерашната инугурација на функцијата кажа дека Парагвај и Тајван се „не само сојузници, туку и браќа“. 

Пења ја положи претседателската заклетва пред владината палата во главниот град на државата Асунсион на церемонија на која присуствуваа неколку регионални лидери и потпретседателот на Тајван Вилијам Лаи.

Парагвај е единствената земја во Јужна Америка и една од само 12 земји во светот што одржува дипломатски односи со Тајван.

Лаи, пред да замине за оваа јужноамериканска држава, во саботата кажа дека неговата посета на Парагвај е „да ја натера меѓународната заедница да разбере дека Тајван е земја која истрајува во својата демократија, човекови права и слобода и активно учествува во меѓународните работи“.

Кога Пења го посети Тајван во јули, тој на претседателката Цаи Инг-вен и кажа дека неговата земја „ќе стои покрај народот на Тајван“ за време на неговиот петгодишен мандат.

Тајван беше политичко прашање за време на претседателската кампања, при што ривалот на Пења тврдеше дека ваквиот сојуз е непрофитабилен бидејќи спречува мала земја како Парагвај да бара инвестиции со Кина. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан