• сабота, 23 ноември 2024

Новиот градоначалник на Загреб ја презеде должноста

Новиот градоначалник на Загреб ја презеде должноста
Загреб, 4 јуни 2021 (МИА) - Новоизбраниот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ денеска стапи на должност и изјави дека примопредавањето е отворено и конструктивно. Заменик-градоначалничката на покојниот Милан Бандиќ, Јелена Павичиќ Вукичевиќ му предаде досие со речиси 2.000 страници финансиски извештаи и сите преземени обврски на Градот Загреб.
Томашевиќ рече дека добиле 2.000 страници извештаи и дека финансиската состојба не е добра. Сепак, тој додаде дека е оптимист и верува дека новата влада ќе ги надмине сите предизвици. - Генерално, финансиската состојба не е добра. Би сакале прво да поминеме низ сè со началниците, па потоа ќе зборуваме во јавност. Не би сакал да навлегувам во детали сега, бидејќи тоа нема да ви даде целосна слика поради другите варијабили кои исто така треба да бидат земени предвид, рече Томашевиќ. Тој исто така посочи дека во тек се разговори со СДП за програмска соработка, за целите што треба да ги создадат, како и за позициите во собранието.  Конститутивната седница на градскиот парламент ја најави за 17 јуни. паг/  

Остани поврзан