Новиот воен лидер на Мадагаскар вели дека ќе остане на власт за време на двегодишниот транзициски период
- Новиот воен лидер на Мадагаскар, полковникот Мишел Рандрианирина, командант на елитна воена единица, денеска прогласи транзициски период од две години, за време на кој ќе остане на власт, по што ќе следат нови избори.
Антананариво, 14 октомври 2025 (МИА) – Новиот воен лидер на Мадагаскар, полковникот Мишел Рандрианирина, командант на елитна воена единица, денеска прогласи транзициски период од две години, за време на кој ќе остане на власт, по што ќе следат нови избори.
- Периодот на транзиција ќе трае најмногу две години. Во тој период ќе се одржи референдум за донесување нов Устав, а потоа ќе следат избори за постепено воспоставување на нови институции, изјави Рандрианирина.
Тој претходно денеска соопшти дека војската ја презела контролата врз оваа африканска островска држава.
Полковникот Рандријанирина рече дека армијата ќе формира совет составен од армиски и жандармериски офицери. Соопштението означи крај на седумгодишното владеење на претседателот Раџоелина, кој избега од земјата откако елитна воена единица им се придружи на антивладините демонстранти.
Раџоелина денеска со декрет го распушти Долниот дом на Парламентот, продлабочувајќи ја политичката криза во земјата.
Потоа парламентот гласаше за негов импичмент откако 130 пратеници гласаа „за“, а едно гласачко ливче беше празно.
Претседателството објави дека состанокот е неуставен и дека секоја одлука или резолуција што произлегува од него е ништовна по распуштањето на собранието. јт/
Фото: ЕПА