• сабота, 23 ноември 2024

Новинарката на Сири ТВ повторно го налути Рама, тој ја турнал и одбил да одговори

Новинарката на Сири ТВ повторно го налути Рама, тој ја турнал и одбил да одговори

Тирана, 19 март 2024 (МИА) - Новинарка на Сири ТВ повторно го налути албанскиот премиер, Еди Рама, поставувајќи му прашања дали најавената инвестиција од зетот на Трамп ќе биде иста како и онаа во пристаништето Драч и колку Албанија има профит од тоа.

Според медиумите станува збор за новинарката Амброзија Мета од ТВ Сири, со која Рама, според медиумите, имал инцидент, обидувајќи се да ја турне, а таа остро му одговорила „ ве молам не допирајте ме“.

На прашањето на новинарката дали договорот за островот Сазан ќе биде ист како тој на пристаништето Драч, каде се подаруваат земјиште и простуваат даноци... Рама одговорил: Римјаните имаат израз: обвинението не е аргумент. Упорната новинарка го прашала дали владата размислува да се откажете од даноците, Рама се обидел да ја турне, не одговорил и си заминал.

Истата новинарка го налути Рама и на крајот од прес-конференцијата, со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, на 29 февруари, кога Тирана беше домаќин на Самитот за Украина и оној Западен Балкан-ЕУ.

Таа тогаш го праша Рама „ во кое својство на двата самита, присуствувал и Алекс Сорос и дали мора да биде присутен не само на самитот, туку и на фамилијарната фотографија“.

-Заборавил да те праша тебе, отсечно и видно нервозно одговори Рама.

За време на двата самита, беше забележано учеството на Алекс Сорос, син на филантропот Џорџ Сорос, кој стоеше зад Рама на состаноците на Самитот. Исто така беше и на фамилијарната фотографија на која беа сите високи државни функционери од регионот и ЕУ. вт/сд/

Остани поврзан