• сабота, 23 ноември 2024

Нова технологија - опасност од лажни, монтирани разголени видеоснимки

Нова технологија - опасност од лажни, монтирани разголени видеоснимки
Лос Анџелес, 26 октомври 2020 (МИА) - „Дипфејк“ технологијата, се чини, почна да ги покажува и своите темни страни, како што и многумина стравуваа... На интернет се појавија стручни лица, но и вештачка интелигенција која може да направи лажни, но совршено монтирани разголени снимки со чие било лице на нив. Се работи за малициозна вештачка интелигенција наречена „Дипнуд“ (DeepNude). Компанијата за дигитално разузнавање „Сензити“ објави извештај од 12 страници каде се говори за повеќе потврдени вакви случаи со видеомонтажи, како и опасноста од тоа на интернет и во интернет-подземјето да има уште десетици и стотици илјади видеа. - Ако кога било сте објавиле своја слика на социјалните мрежи, вие сте во опасност. Дури 70 отсто од лицата (на видеомонтажите) се на „обични“ непознати жени... Лажните голи видеоснимки се генерирани со помош на приватни слики објавени на социјалните мрежи, изјави Џорџо Патрини, генерален директор на „Сензити“. Жртвите на такви софистицирани видеофалсификати, најчесто жени, обично и не знаат за нив. „Дипнуд“ може да се користи за уцени, закани, но и едноставно - за креирање порносодржини со чие било лице, „залепено“ на нив. си/гт/

Остани поврзан