• среда, 04 февруари 2026

Нова соработка меѓу општините Битола и Пустец

Нова соработка меѓу општините Битола и Пустец

Битола, 3 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски приредија прием за градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на Општина Битола. 

На средбата двајцата градоначалници разменија информации за состојбите во општините, за проектите кои ги реализираат, како и за продолжување на соработката во повеќе области, соопштија од Општина Битола.

Двете општини ќе продолжат да соработуваат и преку прекугранични проекти втемелени на лични искуства, потврдија од тамошната локална самоуправа. мт/аа/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан