Нова подлога на игралиштето во Росоман
- Поставена е еластична спортска подлога (тартан) на игралиштето во кругот на старото училиште во Росоман.

Росоман, 21 септември 2021 (МИА) - Поставена е еластична спортска подлога (тартан) на игралиштето во кругот на старото училиште во Росоман.
Инвестицијата е во вредност од 1.813.500,00 денари без ДДВ. Проектот е финансиран целосно од буџетот на општината Росоман.
- Подлогата е поудобна за спортистите, не се пролизгува и штити од евентуални повреди, појаснуваат за МИА од Службата за односи со јавноста при росоманската општина. свд/цр