Нова песна на Владо Калембер
- Најавено е песната да има и спот, како и набргу да може да се чуе и на македонски јазик.

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - „У љубави смо краљеви и просјаци“ е насловот на новата песна на Владо Калембер, што ја потпишуваат: Григор Копров - музика, Саша Драгиќ - текст, Владимир Дојчиновски - аранжман.
Најавено е песната да има и спот, како и набргу да може да се чуе и на македонски јазик.
Како што се појаснува во соопштението, Копров веќе има напишано една песна за Калембер - „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и оттогаш трае нивното пријателство што резултира и во професионална соработка.
Калембер е роден во Струмица и вели дека многу ја сака државава. бд/дма/
Фото: Тим на Владо Калембер