• четврток, 07 ноември 2024

Нова невестинска колекција на дизајнерката Белма Твико-Стамбол

Нова невестинска колекција на дизајнерката Белма Твико-Стамбол
Сараево, 3 јуни 2020 (МИА) - Најновата невестинска колекција на босанската модна дизајнерка Белма Твико-Стамбол за пролет / лето 2020 година, изобилува со раскошни фустани и тоалети... Експресивни, но елегантни силуети со сложено извезени детали изработени во женствен и еклектичен дух. Во таа смисла, според критичарите настанаа бајковити тоалети, совршено прилагодени на женската фигура. Неа пак, дополнително ја нагласуваат токму прецизно прилагодените корсети и долгите силуети, скроени од обемни, но нежни материјали. Минималните, структурирани тоалети се безвременски во нивната едноставност. Невестата во замислата на Белма Твико-Стамбол се чувствува подеднакво женствено и нежно, и во романтичен фустан и во ефикасно скроен костим.  си/сд/

Остани поврзан