• петок, 20 март 2026

Нова градинка добива Визбегово

Нова градинка добива Визбегово

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Нова градинка добива Визбегово, денеска бил потпишан договорот за нејзина изградба.

- Градоначалникот Дарко Костовски денеска го потпиша договорот за изградба на нова детска градинка во населеното место Визбегово. Новата градинка ќе се изгради на просторот на старото општинско подрачно училиште „Свети Климент Охридски“, на површина од 560 квадратни метри. Новиот објект ќе овозможи згрижување на 70 деца, информираа од Општина Бутел.

Покрај тоа, изградбата на новите градинки во Бутел 1 и Бутел 2 се во завршна фаза и од локалната самоуправа најавија дека наскоро ќе бидат отворени.

- Изградбата на новите градинки претставува потврда за посветеноста на локалната самоуправа за обезбедување на најдобри услови за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, во секое населено место во општина Бутел, истакнаа од Општината. бд/дма/

Фото: Општина Бутел

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан