• петок, 05 декември 2025

Николоски: Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

Николоски: Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака во Кипар. 

- На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати, напиша Николовски на Фејсбук. бак/

Фото: МИА архива



Остани поврзан