• недела, 28 јули 2024

Нинтендо од мобилните видеоигри заработила над милијарда долари

Нинтендо од мобилните видеоигри заработила над милијарда долари
Токио, 30 јануари 2020 (МИА) - Компанијата Нинтендо на своите мобилни видеоигри за уреди со оперативни системи Андроид и ИОС, досега остварила приход од над милијарда долари. Најголем дел од овој приход е остварен благодарение на популарната игра „Fire Emblem Heroes" од 2017 година. Оттогаш таа заработила 656 милиона долари, повеќе од сите останати игри заедно. Тајната е во тоа што Интелиџент системс постојано додаваат нови ликови, а некои од нив се сезонски тематизирани, достапни само одредено време. Сите тие се плаќаат, постојано се менуваат и така видеоиграта ѝ носи пари на компанијата. „Fire Emblem Heroes" е всушност тактичка борба, позната и од други игри за конзоли, но во помал и побрз формат за играње „во од". си/

Остани поврзан