• сабота, 28 декември 2024

Николоски: Утре на седница на ИК ќе разговараме за следните чекори

Николоски: Утре на седница на ИК ќе разговараме за следните чекори
Скопје, 15 мај 2022 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски смета дека блокадата на Собранието е успешна. На утрешната седница на Извршниот комитет на партијата, како што изјави вечерва, ќе се разгледаат следните чекори на партијата. - Во само четири работни дена успеавме да постигнеме две цели. Прво, во Собранието, освен што се усвои дневниот ред, не е изгласан ниту еден закон, а успеавме да спречиме и едно многу штетно т.н. автентично толкување со кое што требаше да се дозволи втор оператор за игри на среќа. Второ, она што успеавме да го постигнеме е да се крене свесноста за ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ,  изјави Николоски за централниот дневник на телевизија „Сител“. Тој изрази надеж дека премиерот во текот на утрешниот ден ќе закаже лидерска средба на која ќе се разговара за датум за предвремени парламентарни избори и за четирите тима во клучните области - финансии, економија, образование и проблемот со Бугарија.

Во однос на снимката која излезе во јавност, а на која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Николовски рече дека тоа е снимка од официјалниот собраниски канал и дека тој лично бил присутен во собраниската сала кога се случило тоа. бак/

Остани поврзан