• петок, 05 декември 2025

Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници (видео)

Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници (видео)

Скопје, 1 јуни 2025 (МИА) - Интензивно се работи на три автопатски делници, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Алескандар Николоски. 

Николовски на неговиот профил на Фејсбук објави петминутно видео на кое се гледа како интензивно се работи на делниците Прилеп - Битола, Тетово - Гостивар (дел од автопат Скопје - Струга - Охрид) и Гостивар - Букојчани (дел од автопат Скопје - Струга - Охрид). 

-Напорната работа дава резултати! Одличната координација помеѓу Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати, посочува тој. ев/

ФОТО: Принтскрин 
 
 
 
 
 
 

Остани поврзан