• вторник, 24 декември 2024

Николоски: Заев ја втурна Македонија во бездна, време е за влада на национален спас

Николоски: Заев ја втурна Македонија во бездна, време е за влада на национален спас
Скопје, 6 ноември 2020  Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето во вестите во 15 часот на телевизија Канал 5 рече дека настанот на кој денес присуствува ВМРО-ДПМНЕ, како и Алијанса на Албанците и Алтернатива е потврда на интензивната соработка со овие две партии. -Ова е прва јавна потврда на она што го имаме, а тоа е интензивна соработка со Африм Гаши од Алтернатива и Зијадин Села од Алијанса на Албанците. Ова се идеолошки слични партии со нас. Ние сме конзервативни десни центар партии, а она што ми е драго е што овој настан е во организација на Конрад Аденауер. Оваа соработка е спонзорирана од најголемата германска фондација Конрад Аденауер, а обраќање денес има и и потпретседателот на Европската народна партија, рече Николоски. Потпретседателот Николоски рече дека е многу важно што соработката е на идеолошка основа што, како што рече „се надевам ќе води кон покрупна соработка, затоа што нашата идеја е да се бориме против корупцијата, а шефови на корупцијата се Заев и Ахмети, затоа сакаме заедно да ја победиме корупцијата која ја предводат“. Прашан за ставот на Бугарија да го блокира стартот на преговорите на Македонија со ЕУ, Николоски рече „разочаран сум и огорчен, сепак надежта последна умира, но ја нема многу“. - Заев ја стави Македонија и Македонците пред свршен чин, или Македонците да се одродат или Македонија да не преговара со ЕУ што значи да не напредува. Тој избор кој го постави Заев е резултат на неговите сервилни политики. Или тоа не е избор, а тоа е така затоа што Заев ветил дека ќе испорача се што барале Бугарите и сега ѓаволот доаѓа по своето. Затоа нашето барање е владата да си поднесе оставка и да се оди на избори кога ќе има услови, а во меѓувреме да се формира влада на национален спас. Новата владата пак по изборите со политичарите кои се денес тука ќе ја извадат Македонија од бездната во која се наоѓа и во која ја доведе Заев, рече Николски. Во однос на предвремените избори за градоначалници на Пласница и Штип, Николски рече дека утре ќе има состанок на највисоките партиски тела и ќе има одлука. -Ние рековме дека за изборите мора да се создадат услови да се оди на избори, а не кога има ваква епидемиолошка катастрофа. Апелирам до власта заеднички да се договориме за термин кога здравствените услови ќе го дозволат тоа, рече Николоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан