Николоски: Експресниот пат Градско - Дреново ќе биде завршен до крајот на годинава
- Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско - Дреново и најави негово завршување до крајот на оваа година.

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско - Дреново и најави негово завршување до крајот на оваа година.
-Со ова видео од патот Градско - Дреново воведуваме нова динамика во работењето. Со добра работа и организација до Нова година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, објави министерот Николоски. хс/дма/
Фото (принтскрин) и видео: ФБ Александар Николоски