• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за достоинствено одбележување на 4 февруари

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за достоинствено одбележување на 4 февруари

Скопје, 30 јануари 2023 

Очекувам на 4 февруари да има една достоинствена манифестација, достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но, поважен е контекстот и сето она што се случува сега со Бугарија, тука се нашите главни забелешки. Се сруши како кула од карти политиката на оваа Влада на СДСМ и ДУИ кои во континуитет ја водат од 2017 година кога го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија за кој за жал се виде дека не е ни за добрососедство, ни за пријателство и последниве случувања и се виде дека таа политика на попустливост не дава резултати и не ја води Македонија никаде, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

Тој потсети дека целите на Бугарија се непроменети во последниве 150 години или Бугарија мисли различно од тоа што ние мислиме за себе, Бугарите мислат дека не постои македонски јазик, односно дека тоа е јазична норма на бугарскиот јазик и дека македонската нација е вештачка творба и тоа се драматични разлики кои не можат да се спојат.

Николоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да има достоинствено одбележување и затоа го вклучува Патриотскиот институт, бидејќи не институциите под Владата немаат капацитет за достоинствено одбележување.

„Институциите се длабоко дерогирани во изминатите години, професионалноста е на многу ниско ниво, вториот и посуштински дел е односот на Владата кон ова негаторско однесување на Владата кон Македонија и Македонците, затоа реков политиката на постојано попуштање доживува фијаско,  удрија во темелите на македонскиот јазик и народ и како никогаш порано од 1944 од АСНОМ до денес не се урнати повеќе позициите и никогаш повеќе не било удрено во темелите почнувајќи од потпишување на Договорот со Бугарија па се до сега“, посочи Николоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан