• сабота, 23 ноември 2024

Николовски – Оздемир: Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ

Николовски – Оздемир: Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер при интегрирањето на нашата држава во ЕУ
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на шеснаесеттиот работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, одржа средба со германски отминистер за земјоделство Џем Оздемир, информираат од МЗШВ. На средбата министерот Николовски изрази голема благодарност за досегашната поддршка и соработката што како земја континуирано ја добиваме од Германија. - Преку финансиска поддршка од KfW ја реализираме изградбата на еден од најзначајните капитални проекти, системот за наводнување Јужновардарска долина, а значајна е и улогата на Германското друштво за регионална соработка (ГИЗ) во спроведувањето на проектот Поддршка за економска диверзификација на руралните области на Југоисточна Европа, истакна Николовски. Тој на средбата го нагласи процесот кој Министерството го работи за усогласување на домашното законодавство со европското, во делот на директните плаќања во земјоделството, руралниот развој, регулацијата на заедничкиот пазар, органското производство, рибарството и аквакултурата, земјоделското осигурување и законот за вино. - Новиот модел за субвенционирање кој се подготвува заедно со земјоделците и е во финална фаза, е уште едно од усогласувањата со европските политики кое министерството ги реализира, посочи Николовски. Двајцата министри разговараа за процесот на преговорите кој земјава го отпочна со Европската Унија. Германскиот федерален министер за земјоделство Оздемир ја нагласи поддршката која Германија ја дава на Северна Македонија во преговарачкиот процес. Високиот процент на реализација кај ИПАРД програмата и имплементирањето на главните цели од Зелената агенда за Западен Балкан во ИПАРД 3 програмата, двајцата министри го оцениле како значаен напредок на Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Унијата. - Германија е наш безрезервен поддржувач и значаен партнер во интегрирањето на нашата држава во Европската Унија, со која бележиме одлична трговска размена на наши македонски земјоделски и прехранбени производи, бележејќи извоз од околу 42 милиони евра. Македонското вино, тутун и конзервиран зеленчук се дел од домашните производи кои најмногу се извезуваат во Германија, нагласуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. ир/сп/

Остани поврзан