• вторник, 24 декември 2024

Николовски: Следната година ќе произведеме двојно повеќе сончоглед, околу 10 000 тони

Николовски: Следната година ќе произведеме двојно повеќе сончоглед, околу 10 000 тони
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски догодина очекува двојно зголемено производство на сончоглед или околу 10 000 тони. -Следната година ќе имаме зголемено производство. Ако годинава беа откупени 5000 тони сончоглед за производство за масло за јадење, очекувам догодина тоа да биде дуплирано и да изнесува околу 10 000 тони. Тоа го потврдуваат и земјоделците и преработувачите, рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања. Националниот план за производство на храна, потсети министерот, e донесен за да се искористат сите капацитети и потенцијали, за сите ресурси да се стават во функција на зголемување на производството. -Верувам дека ќе успееме на среден и на долг рок да го намалиме увозот и да станеме увозно независни, а наредната година очекувам зголемено производство, истакна Николовски. мч/лв/  

Остани поврзан