• среда, 20 ноември 2024

Николовски: Потребна е референдумска излезност

Николовски: Потребна е референдумска излезност

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 30 март 2024

ВМРО-ДПМНЕ не се бори за победа, ВМРО-ДПМНЕ на овие парламентарни избори се бори за поголема разлика се брои за 61 пратеник за да имаме стабилна влада која ќе ја врати гордоста на македонскиот народ и која ќе ја врати Македонија на едни нормални патеки до кои е извадена сега, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Алфа во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“.

„За чист мандат потребна ни е референдумска излезност, ни треба стабилно мнозинство. Не е идејата да правиме влада со некои актуелни партии. СДС и ДУИ мора да одат во опозиција тие се причината зошто македонскиот народ е понижен, зошто е газен и понижуван, тие се причина зошто се смени името. Тие се изворот на сите зла, тие се извор и на криминалот и корупцијата. Затоа во Македонија е потребна радикална промена“, изјави Николоски.

Николоски вели дека за изборните листи на СДС и СДС како партија немаат поддршка.

„Една ПР агенција нуди по 100 евра портал за да се објави промотивен текст за мојот против кандидат. Тука е прашањето од кај им се толку пари. Значи освен Изреалецот и оваа агенција не можам да видам кој го поддржува СДС. Но, можам да видам многу кеш и нечисти пари кај СДС, а за тоа ќе има одговорност по избори“, вели Николоски кој укажа дека се што е објавувано за криминал и корупција е поткрепено со аргументи и докази.

Оттука, додаде Николоски, после избори ќе има одговорност за сите кои правеле криминал.

„За сите за кои ќе има докази или ќе се обезбедат докази ќе одговараат по изборите“, кажа Николоски.

Од проектите во програмата која има 1198 проекти би издвоил неколку. Прво, линеарно зголемување на пензии за 5 илјади денари за да имаат подостоинствен живот, второ, за млади тука е проектот Купи куќа со поволни услови за да имаат свој дом, трето, огромни субвенции во земјоделието и правилна распределба, четврто, борба со корупција и криминал преку распуштање на Судски и обвинителски совет и воведување на функционална правна држава и петто, враќање на националната гордост на македонскиот народ, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Алфа во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“.

„Покачувањето на пензиите е суштинско прашање и се работ за неправда која треба да ја исправиме: Системот на определување на пензии е со 9 категории поврзани со стаж и колкава плата се земала во работен век и тоа во идеални услови може да е добро. Но, кога ќе видите кој во Македонија зема најниски пензии тоа се луѓето кои во деведесеттите ги изгубиле работните места при неправедната приватизација на СДСМ. Тие луѓе кои беа избркани од работа ли беа избркани ли не им плаќаат придонеси. Тоа го правеа директорите да ги обезвреднат фирмите, а дел ги земаа за без пари фирмите, а нивните деца се сега на функции. И тогаш и сега се страда од луѓе на СДСМ, од олигархијата“, кажа Николоски.

Николоски посочи дека приоритет е и борбата со корупцијата и криминалот.

„Има неколку модели за кои треба да размислиме за избор на лицата во судски и обвинителски совет на пример еден е оној на кој се бираат членови на Антикорупциска, ама модел во кој судиите или обвинителите сами бираат луѓе кои треба нив да ги оценуваат во менталитет како македонскиот не носи до тоа да нема никаква доверба во оваа правосудна област“, вели Николоски.

Потпретседателот Николоски укажа дека во 2018 година било јасно дека криминалот и корупцијата се главни проблеми на патот кон ЕУ.

„Да покажеме резултати во борбата против корупција и криминал притисокот веднаш ќе се прави во Софија, а не кај нас. Работата е едноставна да покажеме напредок во борбата против корупцијата и криминалот веднаш ќе биде поинаку“, изјави Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан