• вторник, 26 ноември 2024

Николовски од Тетово: Надмината бројката од 40 илјади ажурирани членови на СДСМ

Николовски од Тетово: Надмината бројката од 40 илјади ажурирани членови на СДСМ
Тетово, 9 февруари 2021 (МИА) - Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски од Тетово информираше дека е надмината бројката од 40 илјади ажурирани членови на партијата. Тој во Тетово одржа работен состанок во рамки на следење на процесот за ажурирање на партиското членство. -СДСМ како отчетна и транспарентна партија продолжува во својата модернизација и демократизација. Воведовме систем на работа и дисциплина. Систем преку кој партијата постојано напредува и победува. Ја надминавме бројката од 40 илјади ажурирани членови и сведоци сме дека социјалдемократсткото семејство расте од ден во ден. Продолжуваме со уште позасилено темпо, посочи Николовски од Тетово. Покрај Николовски, на работнито состанок присуствуваа пратеничката Фаница Николовска, Зоран Китанов, раководството на општинската организација на СДСМ Тетово, како и членови на Извршниот и Надзорниот одбор. ас/вј/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан