• четврток, 26 декември 2024

Николовски: Одиме кон усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во конкретниот член - рибарство

Николовски: Одиме кон усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во конкретниот член - рибарство

Скопје, 1 март 2023 (МИА) – Вредноста на проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“ е 240 илјади, но вистинската вредност е многу поголема и придобивките се значајни не само за министерството, инспекторатот, институциите и државата, туку за сите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

резултатот од проектот одиме кон усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во конкретниот член - рибарство и придонесуваме кон пристапувањето кон ЕУ

Во рамки на проектот, кој се спроведувал девет месеци од мај 2022 година, реализирани се голем број посети, средби и расправи, а конкретните продукти, како што беше посочени, се Закон за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, седум правилници кои призлегуваат од законоти и се усогласени со ЕУ и подзаконските акти за заедничко уредување на пазарите.

На завршниот настан, Николвоски, истакна дека овој проект е модел како да се спроведуваат проектите за кои што, како што рече, „интензивно работиме како министерство и користиме европски средства“.

- Вредноста на проектот е 240 илјади евра, но вистинската вредност е многу поголема. Она што го сакам да го нагласам е дека придобивките не се значајни само за МЗШВ, инспекторатот, институциите и државата, туку за сите. Затоа што со резултатот од проектот одиме кон усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ во конкретниот член - рибарство и придонесуваме кон пристапувањето кон ЕУ, рече тој. ар/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан