• вторник, 24 декември 2024

Николовски: Над 40.000 членови до денеска го ажурираа членството во СДСМ, граѓаните се приклучуваат на големото социјалдемократско семејство

Николовски: Над 40.000 членови до денеска го ажурираа членството во СДСМ, граѓаните се приклучуваат на големото социјалдемократско семејство
Скопје, 8 февруари 2021 Генералниот секретар Љупчо Николовски заедно со Организациониот секретар на СДСМ, Душко Весковски вечерва одржа состанок со Градската организација на СДСМ предводена од Александар Бајдевски, а на состанокот присуствуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Се разговараше за процесот на ажурирање на членството кој тече активно и треба да финишира со првите вантрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 21 март. Генералниот секретар Николовски информираше дека процесот на реевиденција на членството се одвива со одличмно темпо, но и дека се повеќе граѓани овој период се приклучуваат кон СДСМ. „Последните информации покажуваат дека ажурирани се над 40.000 членови, а мотивира фактот дека многу нови членови се приклучуваат. СДСМ победува затоа што постојано се менува. Граѓаните даваат поддршка за СДСМ насекаде низ државата и тука во Скопје  и затоа семејството на СДСМ расте насекаде, затоа сме прва партија со функционални Општински организации во секоја општина во државата“ истакна Николовски. Оваа поддршка, додаде Николовски, е мотив плус да работиме уште повеќе одговорно и уште повеќе посветено во интерес на граѓаните и државата. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан