• недела, 10 ноември 2024

Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

Велес, 22 април 2024 (МИА) - Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно односно имаме поголем број на склучени договори од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски при денешната посета на велешкото село Иванковци. Тој оствари средба со успешен ИПАРД корисник  фирмата „Агрокит-Ники извоз-увоз“.

Николовски информира дека  над  2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата.

-Тоа се над 60 милиони евра неповрати европски пари искористени и вградени  во македонското земјоделство, истакна Николовски.

Воедно потенцира дека први во регионот ја започнавме и реализацијата на ИПАРД 3 програмата, добивме за 63 отсто поголем буџет.

-Лидерската позиција ја потврдивме и креираме нова успешна ИПАРД 3 приказна, модернизирајќи го македонското земјоделство, потенцира Николовски.  

Воедно најави дека во следните четири години токму преку ИПАРД 3 ќе се инвестираат над 210 милиони евра во модернизација на македонското земјоделство, во нови фарми, во нови преработувачки капацитети, во развојот на руралниот туризам и во обнова на земјоделската механизација. 

-Наша цел е до 2028 година е да ги завршиме преговорите со Европската Унија и конечно да станеме рамноправна членка на Унијата до 2030 година.Тоа значи многу за македонското земјоделство, тоа значи над 1 милијарда 100 милиони евра само за развојот на руралниот туризам, за нови инвестиции, модернизација, за вкусот на Македонија да се најде на европските трпези, најави  Николовски. ад/дма/

 
Фото: МЗШВ

Остани поврзан