• сабота, 23 ноември 2024

Николовки: Граѓаните застанаа зад политиките на СДСМ

Николовки: Граѓаните застанаа зад политиките на СДСМ
Скопје, 14 декември 2020 Сакам и на овој начин, директно да ви обратам и да ви се заблагодарам на силната поддршка и довербата којашто ја давате на СДСМ, на нашите политики. Граѓаните на Штип, на фер и демократски избори, безбедни за здравјето, покажаа одговорност, демократска свест и силно граѓанско чувство за напредокот на својот град. Доктор Сашко Николов е нов градоначлник на Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце. Граѓаните испратија силна порака и покажаа голема доверба во институциите предводени од СДСМ. Дури и во услови на пандемија имаме државен капацитет да се одржат демократски избори, целосно безбедни за здравјето на граѓаните. Верификувани се политиките на СДСМ, чесната понуда со доктор Николов е препознаена. Од друга страна, народот ги порази сите бојкоти, лаги и хистерии на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Не сака народот кочење, не сака блокади. Овие избори во Штип потврдија: на македонскиот Исток расте довебата во СДСМ! СДСМ освои повеќе гласови во однос на парламентарните избори, сега речиси 12.000 гласови. Граѓаните застанаа зад одлучните, државнички политики на СДСМ. Имаат доверба во новиот, динамичен, модерен, правичен СДСМ, кој носи промени и постојано се менува. Ова значи потврда на државните политики, на локалните политики но и потврда за востпоставениот мерит систем во СДСМ. Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата. Оваа дадена доверба ни значи многу и ве уверувам дека ќе ја оправдаме. Продолжуваме понатаму, заедно, по патот на социјалдемократските вредности, по патот на редот, правдата и дисцилината, по патот на подобар животен стандард за сите наши граѓани. Видео обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан