• понеделник, 18 ноември 2024

Никола Карабатиќ влезе во историјата на европските ракометни првенства

Никола Карабатиќ влезе во историјата на европските ракометни првенства

Келн, 18 јануари 2024 (МИА) – Франција вечерва ѝ го нанесе првиот пораз на Хрватска на Европското ракометно првенство во Германија во натпревар во кој легендарниот француски ракометар Никола Карабатиќ испиша историја.

Француската репрезентација на средината од второто полувреме имаше водство од 25-22, кога Kарабатиќ зголеми на највисоки на натпреварот плус 4 со гол со кој влезе во историјата како најдобар стрелец на сите времиња на европските првенства, со вкупно 289 голови.

Карабатиќ натпреварот со заврши со пет голови, еден помалку од најефикасниот во француските редови оваа вечер Дика Мем.

Франција е на чело на групата 1 со четири бодови. Три бодови има Австрија, а Унгарија има два бода. Хрватска е четвртопласирана со еден бод, а без бодови се Германија и Исланд пред нивниот вечерашен дуел. ег/ссм/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан