• сабота, 23 ноември 2024

Ники Минаж изгуби тужба околу авторските права на Трејси Чепмен

Ники Минаж изгуби тужба околу авторските права на Трејси Чепмен
Лос Анџелес, 11 јануари 2021 (МИА) - Aмериканската раперка Ники Минаж изгуби судски случај по тужба околу авторски права на пејачката Трејси Чепмен. Имено, Минаж ѝ побарала дозвола да го вметне хитот „Baby, can I hold you" од 1988 година во нејзина песна, што оваа неколкупати го одбила. И покрај тоа што не добила дозвола, Ники Минаж сепак ја отпеала песната, односно направи своја верзија, во склоп на „Sorry“ во соработка со раперот Наз, којашто стана голем хит. Чепмен во изјава рече дека е среќна и задоволна што оваа ситуација е решена. - Како музичарка и независна уметничка, морам да го заштитам своето дело!, рече таа во соопштението за печатот. По тужбата, Минаж во неколку твитови, кои во меѓувреме се избришани, тврдеше дека „нема поим дека станува збор за песна на Трејси Чепмен“. Музичарката која е оштетена, сега победи на суд, а Минаж е принудена да плати над 450.000 долари.  си/

Остани поврзан