• сабота, 23 ноември 2024

Ниинисто: Финска ја очекува поддршката на Турција за членство во НАТО

Ниинисто: Финска ја очекува поддршката на Турција  за членство во НАТО

Хелсинки, 17 март 2023 (МИА) - Финската влада очекува добри вести од денешната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за кандидатурата на Хелсинки за членство во НАТО.

Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера изјави дека очекува Турција да го одобри пристапот на неговата земја во воената Алијанса откако ќе разговара со турскиот лидер кој е во посета на земјата.

Ако тоа се случи, тоа би значело дека е практично отворен патот Финска да стане членка на НАТО пред нејзиниот нордиски партнер Шведска.

Финскиот парламент би можел да го ратификува членството пред изборите во Турција на 14 мај.

Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО пред околу 10 месеци. До денеска 28 од 30 членки на НАТО ги имаат ратификувано своите пристапни протоколи. Тоа се уште не го направиле само Унгарија и Турција.

Се очекува Унгарија наскоро да даде одобрение, но, Анкара досега го блокираше пристапувањето, наведувајќи ја како причина недоволната борба на двете нордиски земји во борбата против „терористичките организации“ во нивните земји. Меѓутоа, се верува дека главниот акцент на овие забелешки главно е насочен против Шведска.

Ердоган во средата во Анкара рече дека Турција „ќе го одржи ветувањето што го даде“ во врска со влезот на Финска во НАТО. сд/

Остани поврзан