• среда, 25 декември 2024

Нивото на водата во реката Урал во близина на градот Оренбург достигна 10 метри

Нивото на водата во реката Урал во близина на градот Оренбург достигна 10 метри

Оренбург, 10 април 2024 (МИА) - Нивото на водата во реката Урал во близина на рускиот град Оренбург достигна 10 метри, јавија руските медиуми, повикувајќи се на градското собрание. Оваа бројка го надминува опасниот праг од 70 сантиметри.

Претходно беше соопштено дека нивото на водата достигнало 9,96 метри.

Изминатата ноќ нивото на водата во реката Урал го надмина опасниот праг од 9,3 метри. Гувернерот на Оренбуршката област Денис Паслер ги повика жителите веднаш да се евакуираат од поплавените урбани области.

Фотографии споделени од руските новински агенции покажуваат затрупани патишта, потопени полиња и делумно поплавени куќи.

Водата напредувала кон високите згради, а според државна новинска агенција, синоќа биле поплавени повеќе од 300 куќи. Поплавите ја принудија нафтената рафинерија во Орск да ја прекине работата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан