• вторник, 24 декември 2024

Не треба да бидат редуцирани финансиските средства од додатоците на здравствените работници, смета Сали

Не треба да бидат редуцирани финансиските средства од додатоците на здравствените работници, смета Сали
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Здравствените работници ја заслужуваат целата наша почит и во ниеден случај не треба да бидат редуцирани финансиските средства од нивните додатоци, како што се надоместоците за дежурства и ноќен труд, смета министерот за здравство Беким Сали. Од Министерството за здравство соопштија дека нивен став и став на Владата е дека не се планира воведување проекти за плаќања по учинок, особено поради фактот што овој тип на проекти во минатото се покажаа како целосно неуспешна реформа. Министерот и заменик-министерот за здравство, заедно со претставници на двата синдиката за здравство, како и претставници од Лекарската комора и Здруженијата за медицински сестри, овие ставови ќе ги претстават и пред Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии, со цел да се приоретизира ова прашање, односно да се изнајдат средства за покачување на платите, со особен осврт на медицинските сестри и другите здравствени работници и соработници со средно образование, информираат од Министерството и посочуваат дека сите напори континуирано ги насочуваат кон афирмација и унапредување на статусот и улогата на здравствените работници во општеството. Изминатите три години здравствените работници и здравствените соработници, посветено и со натчовечки напори работеа на браникот на ковид пандемијата, пружајќи помош и борејќи се за здравјето и животот на секој пациент, истакнуваат од Министерството за здравство. рп/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан