• понеделник, 23 декември 2024

Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава

Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава

Тел Авив, 15 мај 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно ја отфрлила Резолуцијата на Обединетите нации за поддршка на признавањето на палестинската држава, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Владата.

„Нема да им дозволиме да создадат држава на теророт од која ќе можат да не нападнат уште повеќе“, нагласи Нетанјаху.

„Никој нема да не спречи, Израел, да го искористиме нашето основно право да се заштитуваме – ниту Генералното собрание на ОН, ниту која било друга организација“, додаде Нетанјаху. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан