• петок, 27 декември 2024

Нетанјаху ја одложи смената на министерот за одбрана, кој му се спротивстави за спроведувањето на планот за реформа на правосудството

Нетанјаху ја одложи смената на министерот за одбрана, кој му се спротивстави за спроведувањето на планот за реформа на правосудството

Ерусалим, 3 април 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одложи одлуката за смена на министерот за одбрана Јоав Галант, кој отоврено му се спротивстави со предлогот да ја спречи владата да го спроведе контроверзниот план за реформи во судството.

Нетанјаху минатата недела изјави дека го разрешил Галант, а денеска во соопштение од неговиот кабинет пишува дека ја одложил смената поради „безбедносна тензија“.

Писмото за официјалното разрешување на Галант воопшто не било  испратено и таа одлука не е и стапена во сила. Меѓутоа, самата најава за смената предизвика масовни протести низ Израел и ја поттикна Владата всушност да го прифати предлогот на Галант и да ја одложи реформата, а тој остана на чело на Министерството.

На ваков начин Нетанјаху се согласи да го замрзне планот и да дозволи преговорите за да се постигне договор со опозицијата за контроверзниот план за судски реформи, што наиде на осуда од странство, како и од американскиот претседател Џо Бајден.

Во ТВ извештај од петокот можеше да се види дека се водат преговори Галант да се извини за својата изјава и да покаже лојалност кон премиерот за да остане на функцијата, а тој наводно е подготвен да го стори тоа.

Претходникот на Галант како министер за одбрана, Бени Ганц, на Твитер напиша дека Нетанјаху треба веднаш да објави дека не го менува Галант бидејќи безбедноста на Израел не е „аудиција за шоу или филм“.

Авигдор Либерман, исто така поранешен министер за одбрана, оцени дека Нетанјаху „игра натпревар на ега“ и дека неизвесноста за тоа кој е министер за одбрана и штети на безбедноста. сд/

Остани поврзан