• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху: Се откажав од контроверзниот дел од реформите во правосудството

Нетанјаху: Се откажав од контроверзниот дел од реформите во правосудството

Вашингтон, 29 јуни 2023 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху за „Волстрит џурнал“ изјави дека се откажал од централниот елемент на жестоко оспоруваните планови за судски реформи односно од овластувањето на Кнесетот да ги поништи одлуките на Врховниот суд.

Тој додаде и дека ќе биде ревидиран уште еден контроверзен елемент со кој на владејачката коалиција и се дава поголемо влијание врз именувањето во судството.

Нетанјаху истакна дека ја отфрлил спорната клаузула која би им овозможила на мнозинството пратеници да ги поништат одлуките на Врховниот суд. Осврнувајќи се на предложениот метод за избор на судии, тој навееде дека тоа нема да биде сегашната структура, но нема да биде ниту првобитната структура.

Предлогот за реформи во судството Нетанјаху го изнесе набргу по враќањето на власт на почетокот на годината, тврдејќи дека Врховниот суд сè повеќе навлегува во политичките области каде што нема овластување.

Планот предизвика масовни протести, отворајќи длабоки поделби во општеството меѓу приврзаниците на националистичко-верската коалиција на Нетанјаху и големи делови од граѓанското општество кои ги гледаат плановите како закана за демократијата и обид на Нетанјаху да се спаси од судските процеси што се водат против него. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан