• недела, 28 јули 2024

Нетанјаху: Израел не и го дава одбранбениот систем Железна купола на Украина

Нетанјаху: Израел не и го дава одбранбениот систем Железна купола на Украина

Вашингтон, 29 јуни 2023 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху за „Волстрит џурнал“ изјави дека нема да им дозволи на САД да испратат одбранбениот систем Железна купола во Украина.

Системот Железна купола пресретнува ракети со краток дострел.

Нетанјаху истакна дека Израел не може да ризикува Русија да дојде до технологијата на системот Железна купола, и евентуално истата да да ја проследи до Иран.

Железна купола е финансирана од САД, но Израел има право на вето за користење на одбранбениот систем. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан