• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху: Израел води војна на „цивилизацијата против варварството“

Нетанјаху: Израел води војна на „цивилизацијата против варварството“

Тел Авив, 6 ноември 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не само што води сопствена војна против групата Хамас, туку тоа е и „цивилизациска битка против варварството“.

- Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, а тоа е и ваша битка, рече Нетанјаху за време на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим.

Нетанјаху го нарече Хамас „најдивиот непријател што сме го виделе по Холокаустот“.

Денков се согласи дека е неопходно „да се искорени Хамас“, но повика на ослободување на заложниците и присуство на Црвениот крст во Газа.

Тој посочи дека светот е „загрижен за тоа што се случува во Газа“ и дека е важно да се обезбеди хуманитарна помош. ссм/

фото: архива

Остани поврзан