• петок, 26 јули 2024

Нетанјаху денеска се среќава со Бајден и Харис

Нетанјаху денеска се среќава со Бајден и Харис

Вашингтон, 25 јули 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Белата куќа во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден, а се очекува да се сретне и со потпретседателката Камала Харис.

Сите тројца лидери во моментов се под притисок за поддршка на израелскиот напад врз Газа, во кој досега загинаа повеќе од 39.000 луѓе.

Како што пренесуваат странските агенции, Бајден се залага Израел и Хамас да го прифатат предлогот за прекин на огнот, што би останало како наследство на 81-годишниот претседател, чиј мандат истекува на 20 јануари следната година.

Претставници на Белата куќа изјавија дека преговорите се во завршна фаза, но дека има прашања кои треба да се решат.

По разговорите, Бајден и Нетанјаху ќе се сретнат со семејствата на американските заложници.

Харис подоцна ќе се сретне одделно со Нетанјаху. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан