• петок, 27 декември 2024

Ненаспаноста може лошо да влијае врз љубовната врска

Ненаспаноста може лошо да влијае врз љубовната врска
Вашингтон, 26 јануари 2022 (МИА) - Неквалитетниот сон, т.е. ненаспаноста може да има многу лош ефект врз една љубовна врска, посочува истражување објавено во списанието „Сајенс“ за социјална психологија (Social Psychological and Personality Science). Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), возрасните треба да спијат најмалку седум часа навечер. А, според новиот напис, доколку сонот трае помалку од препорачаното, голема е веројатноста да се појават проблеми во љубовната врска. Трудот покажа дека учесниците во испитувањата со помал просек во дневно спиење - повеќе се караат со партнерите. - Сите знаеме како се однесуваат децата кои прескокнале сон. Истото се случува и со возрасните. Тие повеќе не можат да ги контролираат своите емоции. Малите проблеми почнуваат да изгледаат поголеми отколку што се. Така, луѓето реагираат претерано на сѐ, објасни психологот Џенифер Л. Мартин. И други истражувања покажуваат дека луѓето кои не спијат доволно, честопати не покажуваат емпатија, ја губат способноста да ги решаваат судирите на нормален начин и ги занемаруваат емоциите на другиот.  си/

Остани поврзан