• сабота, 23 ноември 2024

Нема зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Деве Баир

Нема зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Деве Баир
Крива Паланка, 31 декември 2020 (МИА) - На граничниот премин Деве Баир нема зголемена фреквенција на возила и луѓе. Околу илјада лица дневно минуваат преку овој премин во двата правци.
- Иако се слави Нова година, ниту денес, ниту изминатите неколку дена не е зголемен бројот на луѓе што минуваат низ Деве Баир, за влез и излез од државата. Во просек, дневно на овој премин минуваат околу илјада лица и таа бројка е непроменета, а денес речиси и да нема раздвиженост. Ниту бугарските граѓани не доаѓаат во голем број, бидејќи кај нив веќе завршија божиќните празници, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор, регионален центар Исток.
По препораките од надлежните за одговорно славење и забраната за собири, деновиве се засилени и контролите од страна на Министерството за внатрешни работи. Оттаму потсетија и за почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.
Во Крива Паланка вчера беа регистрирани шестмина новозаразени од КОВИД-19 и четворица оздравени, а едно лице на 65-годишна возраст ја загуби битката со вирусот.
Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка се заразени 616, а во моментов има 117 активни случаи со КОВИД-19. ид/мд/

Остани поврзан