• понеделник, 23 декември 2024

Нема да се објавува извештајот за истрагата за Мат Гец, кандидадот на Трамп за нов главен обвинител на САД

Нема да се објавува извештајот за истрагата за Мат Гец, кандидадот на Трамп за нов главен обвинител на САД

Вашингтон, 21 ноември 2024 (МИА) - Етичкиот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера одлучи, со гласовите на републиканските конгресмени, да не дозволи објавување на извештајот за истрагата на комисијата за Мет Гејц, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за функцијата главен обвинител во САД.

Според изјавата на главната претставничка на Демократската партија во Етичкиот комитет, Сузан Вајлд, одлуката беше донесена по долга седница, зад затворени врати.

Како што рече, ниту еден републиканец не им се придружил на демократите во барањето да се објави извештајот.

Дека немало меѓупартиски договор потврди и претседателот на Комитетот, републиканецот Мајкл Гест, кој рече дека средбата траела два часа.

Етичкиот комитет се состои од еднаков број републикански и демократски претставници.

Гејц до неодамна беше претставник на републиканците во Претставничкиот дом и беше член на најдесничарското крило на неговата партија. Трамп го избра за државен обвинител, за да изврши чистка во Министерството за правда од оние за кои верува дека ги злоупотребиле своите овластувања за да се пресметаат со него, неговите сојузници и конзервативците.

Номинацијата на Гејц ги изненади, но и ги вознемири самите републиканци и се постави прашањето дали тој може да ја помине верификацијата и во Сенатот со оглед на истрагата поврзана со неговите наводни сексуални престапи.

И Гејц се впушти во мисија да ја добие довербата на републиканските сенатори, а вчера имаше средба и со нив, исто така, зад затворени врати.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан