• среда, 25 декември 2024

Нелсон: БиХ може да остане без помош од САД ако не ја спроведе Стратегијата за борба против трговија со луѓе

Нелсон: БиХ може да остане без помош од САД ако не ја спроведе Стратегијата за борба против трговија со луѓе
Сараево, 29 септември 2020 (МИА) - Доколку не се спроведе Стратегијата за борба против трговија со луѓе на Босна и Херцеговина, БиХ ќе падне на 3-то ниво на американската листа, што ќе ја смести меѓу земјите што вложуваат најмалку во запирање на трговијата со луѓе, предупреди американскиот амбасадор Ерик Нелсон во изјава за Фокус.ба . Според него, падот на ниво 3 ќе резултира со целосно укинување на нехуманитарната, нетрговска помош на американската Влада за Босна и Херцеговина, вклучително и воена помош и помош од УСАИД. - Стратегијата на БиХ за борба против трговија со луѓе во основа се однесува на заштита на жртвите и владеењето на правото. Исто така, зборува и за институции чие функционирање треба да обезбеди заштита и правда за жртвите и апсење и гонење на лицата вклучени во грозоморното злосторство со трговија со луѓе. БиХ веќе направи некои позитивни чекори во вистинската насока со ревитализација на работната група за борба против трговија со луѓе и преземање чекори за давање парична помош на жртвите, рече Нелсон. Тој вели дека Претседателството на БиХ направи важен чекор покажувајќи единство и лидерство кога станува збор за спроведувањето на државната стратегија. - Но, треба да се стори многу повеќе. Советот на министри на БиХ мора да го регулира правниот статус и да одобри проширено членство во работната група за борба против трговија со луѓе. БиХ мора да ја подобри обуката за полицијата, обвинителите и судовите и на крајот да покаже зголемување на гонењата и пресудите во случаи кои се однесуваат на трговија со луѓе, рече американскиот амбасадор. паг/  

Остани поврзан