• понеделник, 23 декември 2024

Неколку штетни состојки што треба да се избегнуваат во храната наутро

Неколку штетни состојки што треба да се избегнуваат во храната наутро

Сараево, 1 септември 2023 (МИА) - Урамнотежениот појадок е важен за човековото здравје. Вистинската храна за појадок може да му обезбеди на телото корисни хранливи материи, витамини и минерали коишто помагаат да се почне денот на најдобар можен начин.

Но, бројни вообичаено барани намирници што често се наоѓаат во изборот за појадок немаат корисни хранливи материи и може да го остават човекот гладен долго пред зацртаниот следен оброк. Исто така, „популарната“ храна содржи висок удел додадени шеќери, масти и натриум (сол), што може да предизвика чувство на тромост. Тие ја зголемуваат опасноста и од неколку хронични болести, вклучувајќи дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и некои видови рак.

Најлошата храна со којашто може да се почне денот е ниска содржина на влакна, полна шеќер и заситени масти. Тука се вбројуваат житарките со шеќер, овошните јогурти со мусли, како и производите од рафинирано брашно како бел леб, палачинки и бисквити.

Имено, сите видови засладени житарки, како и слатките напитоци од кафе, исто така се полни со шеќери, коишто се претвораат во калории многу побрзо од здравата храна. Ова може да води до негативни здравствени ефекти.

Ова се само дел од намирниците за појадок што (иако вкусно примамливи) се нездрави за вас, а многу лекари препорачуваат да се исфрлат од исхраната, пренесува „Кликс“.  си/

Фото: Пиксабеј.

Остани поврзан