Неколку цивили убиени во израелскиот напад врз затворот Евин во Техеран оваа недела
- Неколку цивили беа убиени во израелски напад врз затворот Евин во Техеран, вклучувајќи 52-годишна социјална работничка и нејзиниот пет-годишен син, објави ДПА, повикувајќи се на ирански активисти и локални медиуми.
Техеран, 27 јуни 2025 (МИА) - Неколку цивили беа убиени во израелски напад врз затворот Евин во Техеран, вклучувајќи 52-годишна социјална работничка и нејзиниот пет-годишен син, објави ДПА, повикувајќи се на ирански активисти и локални медиуми.
Телата на цивилите беа извлечени од урнатините три дена по нападот во понеделникот.
Телото на момчето беше пронајдено во рацете на колега на мајката. Таа работела во затворот 10 години и го донела својот син на работа на денот на нападот бидејќи градинките биле затворени.
Според весникот „Шарх“, нападот бил насочен кон административна зграда и ја погодил канцеларијата на обвинителот, санитарна зона и центар за посетители каде што престојувале голем број војници и адвокати.
Меѓу жртвите биле познат уметник и лекар. Точниот број на смртни случаи е нејасен.
Израелските воздухопловни сили го бомбардираа Евин во понеделникот, велејќи дека тоа е симболичен напад против иранската влада.
Иранските активисти го осудија нападот. мс/
фото: ЕПА