• вторник, 24 декември 2024

Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина се повредени

Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина се повредени

Ајова, 22 мај 2024 (МИА) - Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина се повредени.

Од невремето има уништени домови, расфрлани остатоци и неколку големи соборени турбини на ветер.

„Торнадото уништи добар дел од овој град. Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви за време на торнадото“, изјави портпаролот на полицијата на државата Ајова, наредникот Алекс Динкла, без да прецизира колку луѓе настрадале. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан