Некои од најморничавите, мистично-застрашувачки места на Земјата
- Луѓето таму често се губат, животните се однесуваат необично, па се верува дека на такви места се појавуваат и духови... Научниците нудат различни теории, но ниту една од нив не е конечно док

Лос Анџелес, 19 јули 2022 (МИА) - Има места во светот коишто нѐ привлекуваат, но и нѐ заплашуваат во истовреме. Луѓето таму често се губат, животните се однесуваат необично, па се верува дека на такви места се појавуваат и духови...
Научниците нудат различни теории, но ниту една од нив не е конечно докажана... Следат пет морничави, мистично-застрашувачки локации. 1. „Долината на мртвиот“ во Канада Кон крајот на 19. век тука било пронајдено злато, па следела своевидна „златна треска“, кога многу луѓе се упатиле таму за да си ја пробаат среќата. Но, во 1898 година, шест ловци на злато исчезнаа во оваа „Долината на мртвиот“. Седум години подоцна, и двајца браќа Меклеодс и нивниот другар исто така исчезнаа. По три години, луѓето случајно пронашле девет обезглавени човечки тела. Мистериозните исчезнувања и толкувања продолжуваат до ден-денес. Домородците веруваат дека за тие смртни случаи се виновни Сасквачи - човековидни влакнести суштества, чиишто стапки наводно се пронајдени во Долината... Најверојатното објаснување, пак, вели, тоа е дело на група насилници. Надлежните тогаш не пронашле ништо. https://www.youtube.com/watch?v=VyucaZcIcoU 2. Долина на паднатите птици, Индија Во последните денови од летото, во планинската долина Јатинга, Индија, се случуваат чудни работи... На полноќ, се случува, „замаени“ птици во јато кружат толку ниско што луѓето ги фаќаат со стап. Некои птици паѓаат на земја и не се ни обидуваат да избегаат од оној што ги зема... Мештаните на долината веруваат дека боговите ги даруваат за нивниот праведен живот - со овој лесен плен. Научници, пак, велат дека птиците се зашеметени од совпаѓањето на неколку фактори - младата месечина, ветерот и темнината. Така, може да се претпостави дека тоа е последица на некаква геомагнетна аномалија во оваа област што причинува птиците да паѓаат.

