Неисправна вода за пиење во три прилепски села
- Во три населени места во Прилепско водата за пиење е неисправна и прилепските локални власти издадоа предупредување.
Прилеп, 30 август 2023 (МИА) - Во три населени места во Прилепско водата за пиење е неисправна и прилепските локални власти издадоа предупредување.
Станува збор за селата Загорани, Алинци и Лагово, каде водата не смее да се користи за пиење и не одговара за употреба.
Водата од водоводната мрежа во селото Веселчани одговара за употреба. ем/ар
Фото: МИА