• недела, 23 февруари 2025

Неделковски забранил влез на Маркетинг тимот на ФК Вардар

Неделковски забранил влез на Маркетинг тимот на ФК Вардар

Скопје, 11 јануари 2025 (МИА) - Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, била денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу „здружението 35 години Вардарци“ и сопственикот Атила Бижен Жалили, соопштија оттаму.

Поради тоа, во попладнево се случи блокада на тренинг кампот, а целта на собраните, според Маркетинг тимот на клубот, е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, се додава во соопштението. дс

Фото: Фејсбук/ФК Вардар

Остани поврзан