• среда, 25 декември 2024

Неготино избира најдобри вина и ракии во чест на празникот на лозарите и винарите ,,Свети Трифун"

Неготино избира најдобри вина и ракии во чест на празникот на лозарите и винарите ,,Свети Трифун

Неготино, 26 јануари 2024 (МИА) - Неготино избира најдобри вина и ракии произведени од индивидуални производители во чест на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун", информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

- Во чест на верскиот празник „Свети Трифун" кој се смета за заштитник на лозарите и кога симболично започнува закројувањето на лозјата, Општина Неготино ќе избира најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе ги врши стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози, а локалната самоуправа Неготино за најдобрите ќе обезбеди пригодни награди, соопшти Стојанов. 

Сите заинтересирани производители на вина и ракии треба да достават по две мостри од бели и црвени вина и ракии од реколтата 2023 година. свд/дма/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан