Неготино доби донација, комбе за превоз на лица со попреченост
- Општина Неготино денеска доби донација, комбе за превоз на лица со попреченост, од Европската Унија.

Неготино, 16 јуни 2025 (МИА) - Општина Неготино денеска доби донација, комбе за превоз на лица со попреченост, од Европската Унија.
- Имено, во раките на програмата „Интерег ИПА Адрион“, кофинансирана од Европската Унија, Неготино заедно со уште пет општини од Јадранско - Јонската област, добија грант. Се работи за реализација на заеднички проект, „Локалните власти на патот кон одржлива урбана мобилност во Јадранско - Јонскиот регион“, со акроним ЛАМО. Проектот е со вредност од 1.192.251 евра, од кои 168.170 евра се грант за Општина Неготино. Времетраењето на проектот е 36 месеци, појасни градоначалникот Горан Стојанов.
Тој додаде дека во рамките на проектот, се предвидени и набавка на урбана опрема, знаци и канти за отпад за велосипедски парк, набавка на пет електрични трицикли за лица со попреченост, набавка на десет електрични велосипеди, пет полначи за нив, изработка на техничко - архитектонски истражување за велосипедска патека во општина Неготино, развој и изработка на стратегија за урбана мобилност во општината и слично.
Стојанов упати благодарност за донацијата. свд/бд/
Фото: МИА