• сабота, 23 ноември 2024

Негативните мисли го зголемуваат ризикот од деменција

Негативните мисли го зголемуваат ризикот од деменција
Лондон, 8 јуни 2020 (МИА) - Кај луѓето во поодмината возраст често се случува да размислуваат на негативен начин. Тоа, пак, може да доведе до намалување на умствените способности и поголема опасност од деменција и од Алцхајмерова болест, покажува ново истражување на британски научници. Според новата теза на Колеџ универзитетот во Лондон, негативното размислување за минатото и големата загриженост за иднината може да бидат еден фактор повеќе во прилог на опасноста од деменција. Научниците истакнуваат дека депресивните и анксиозните луѓе се поподложни на намалување на умствените способности од оние кои гледаат попозитивно на животот. Но, измереното ниво на протеинот амилоид, којшто е предизвикувач на Алцхајмеровата болест, не било повисоко кај лицата кои стадаат од депресија и анксиозност. Како што објаснува д-р Натали Мерчант, тоа води до претпоставката дека токму честите негативни мисли се главна причина за депресија и анксиозност, а натаму и за Алцхајмерова болест или деменција. Истражувачите велат дека за сѐ ова се потребни уште повеќе испитувања. си/гт/

Остани поврзан