• понеделник, 23 декември 2024

Негативен природен прираст во второто тримесечје

Негативен природен прираст во второто тримесечје
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379.
Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4 760 и бележи намалување од 33.4 % во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови.
Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.са/лв/

Остани поврзан